16.12.2020
Престојувајте кај Мице на Пониква: Опколени со густа шума и тишина!
Престојувајте кај Мице на Пониква: Опколени со густа шума и тишина!
Пониква, Пониква, Пониква... Годинава една од најбараните
планински дестинации во Македонија. Осоговските Планини може да се пофалат со
епитетот вистински еколошки и чист крај. Чистиот воздух на лето и во зима дејствува како еликсир
за белите дробови.
На анкетата која ја спроведе тимот на Кајак.мк
во групата „Туризам во Македонија“ јасно се гледа дека најголемиот дел од
македонските туристи се решени да ја посетат ова планина во текот на
престојната сезона. 
Пониква е идеална
планина за младите брачни парови кои имаат деца попдготвени да отпочнат часови по
скиење.
Денеска ве
запознаваме со луѓето кои години наназад организираат ски школи на
Пониква. Сигурно повеќето од
вас веќе слушнале за „Мотел- ресторан Мице“.
Овој мотел се
наоѓа во срцето на Осоговските планини, на 1505 метри надморска височина, во
предел со густа букова шума и разновидна вегетација. На околу дваесеттина километри
северно од Кочани.
Мотелот Мице
постои повеќе од 30 години, а во текот на своето постоење организира ски школи со
лиценцирани ски инструктори. За време на снежните врнежи, самиот мотел организира транспорт на скијачите
до ски стазите со Лада Нива, а автомобилите се чуваат на безбедниот паркингот
на мотелот. 
За оние пак кои
не скијат, престојот во мотелот е исто како да се наоѓате дома. Персоналот е
доста забавен и незаборавен, а мораме да потенцираме дека приготвуваат и
извонредни јадења.
Денот го
започнувате со вкусен домашен појадок во ресторанот на мотелот, тие коишто се
подготвени за скијање се упатуваат кон ски центарот, а останатите пак може да
организирате пешачење во околината каде на само 20 метри од мотелот се наоѓа
една од ски стазите. Околината е доста мирна и тивка опколена со борова шума. 
Мотелот има
капацитет за 30 лица. Располага со пет двокреветни соби опремени со сопствено
купатило и телевизор. Исто така има и три апартмани кои се опремени со купатило
и телевизор.
Мотелот има свој
приватен паркинг. Сместувањето е од 12 часот, а напуштањето на собите и
апартманите е од 11 часот. Доколку престојувате повеќе денови се менуваат
пешкирите и постелнините и се чистат собите. 
Престојот во мотелот може да се резервира исклучиво со појадок, но има и можност за полн пансион.
Доколку сакате да резервирате јавете се на: 070 610 894, а доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од сместувањето кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?