02.02.2021

Вака изгледа кога хотелот и планината Пелистер ќе се заљубат еден во друг!

Вака изгледа кога хотелот и планината Пелистер ќе се заљубат еден во друг!

Тимот на Кајак.мк во изминатиот период прошета низ многу места на Пелистер, а верувајте дека ова е само почеток на нашиот патувачки караван. Од реакциите коишто ги добиваме, знаеме дека на многумина од вас не им се верува верува дека сето ова го имаме во Македонија.

Кога зборуваме за престојот за врмее на одморот, многу е важно да се направи разлика помеѓу класично сместување и сместување во објекти кои се “здушени“ со самата околина.  

За да се почуствува духот на дестинацијата која ја посетуваме, битно е каде ќе престојуваме, со кои луѓе ќе разговараме, што сакаме да дознаеме, што треба да научиме. Овој мал семеен хотел за кој многумина од вас сигурно сте слушнале „Шумски Фенери“ е еден од таквите кои сами раскажуваат за планината Пелистер. Зошто ви го препорачуваме хотелот? Затоа што, хотелот има се. 

Да почнеме од најосновните информации. Тој се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер и е на 4 километри од градот Битола. Планинските предели кои се фантастички во текот на цела година, чистиот планински воздух и најважно од се уникатно дизајнираните соби кои даваа чуство на планинско бегство од реалноста, се она што не купи. 

Она што треба да го знаете е дека секоја соба е опремена со сателитска телевизија, фрижидер и бања со фен, централно греење и клима уред. Сите соби обезбедуваат врвен поглед на долината и градот или кон планината. 

Како што и кажавме, периодот на посета не е толку битен бидејќи овде има што да се прави 365 денови во годината. Но за тоа што да се прави, ќе ви кажеме подоцна. 

Хотелот има и рестотан, можеби и омилениот простор од објектот на повеќето гурман-туристи. 

Треба да знаете дека и покрај тоа што престојувате во хотел, во кујната работат мајстори кои знаат како се прави добар домашен појадок. Наш совет е да дегустирате планински мед и домашен мармалад. Планина е, па се подразбира дека е добар. 

Освен кујната, хотелот има уште едно добро катче во ресторанот каде се наоѓа гуши камин покрај кој има совршена атмосфера за да читате книга. Хотелот можете да го резервирате на телефонскиот број: 047 293 030

Повеќе информации за хотелот можете да најдете со еден клик ОВДЕ.



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.