14.10.2020
Бојана Ѓуровска развива нов туризам на нивите во село Годивје
Бојана Ѓуровска развива нов туризам на нивите во село Годивје
Нашиот еко тим е радосен да ве запознае со уште една еко туристичка атракција која е дел од туристичката понуда на југозападна Македонија. Ова интересна приказна на фејсбук можете да ја најдете како „Китка Дарови“. Станува збор за приказната на Бојана Ѓуровска од Скопје која заминува во село Годивје, Дебрца и развива бизнис преку кој органските производи кои таа ги одгледува на нива ги преработува во разни производи.
Зошто нашиот наслов гласи дека таа развива нова туристичка атракција?
Бојана овозможува на сите гости туристи да се запознаат со живописната околина, историјата и традициите на село Годивје. Преку ова обиколка ќе може да се почуствува пулсот на селото, што и можеби е доста важно за младите генерации кои живеат во градовите.
На гостите туристи им овозможува да берат билки од градината на „Китка Дарови“ во зависност од сезоната на посета, а како што пишува самата на својата страница, последната група туристи имала можност да дегустира козјо сирење, отстоено маслиново масло кое е зачинето со невен и мајчина душица набрани од нивните ниви. Покрај храната, гостите се служат и со лимонада, зачинета со нане и засладена со прав шеќер со сушена мелена лаванда од нивниоте ниви. На повозрасните гости им се нуди и оревка. 
Гостите со помош на Билјана имаат прилика да направат рачно изработен крем за лице и тело со маслена инфузија од лаванда. 
„Китка Дарови“ нуди разни атракции во зависност од сезоната. Од садење билки на нивите, берба на диви растенија и производство. Преку „Китка Дарови“ може да се набават и доста производи, од чаеви, оцет од диви јаболка, миризливи соли за капење, купки и слично. Поради фактот дека сите производи се од органски производи програмата за туристи се вика „Пакет подароци од природата“ што воедно е заштитно мото на нивните производи. 
Сите производи се со брошура за правилна употреба и лековити својства на производите.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Ова вила за нас е среќна и има убав поглед кон Охрид
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
