16.03.2020
Во Њујорк и Лос Анџелес се затвораат рестораните и кафулињата
Во Њујорк и Лос Анџелес се затвораат рестораните и кафулињата
– Градоначалниците на двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес синоќа објавија дека наредиле затворање на градските ресторани, театри, барови и филмски куќи во обид да се забави ширењето на новиот коронавирус.
Рестораните, баровите или кафулињата кои продаваат храна ќе можат тоа да го прават преку достава или пак граѓаните ќе можат да ја земат храната пред објектот. Но, не е прецизирано колку ќе трае таквата мерка.
Се очекува повеќе од 50.000 ресторани во Њујорк да затворат до вторник до девет часот, а според податоците на националното здружение, рестораните остваруваат повеќе од 51 милијарда годишен приход и имаат над 800.000 вработени.
Додека мерката за затворање на центрите за рекреација во Лос Анџелес стапува во сила на полноќ и ќе трае до 31 март, со можност за продолжување.
Извор: https://opserver.mk/svet/vo-njujork-i-los-andzheles-se-zatvoraat-restoranite-i-kafulinjata/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=vo-njujork-i-los-andzheles-se-zatvoraat-restoranite-i-kafulinjata
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.