11.08.2020

Можеби не сте знаеле за македонското Тресонче?

Можеби не сте знаеле за македонското Тресонче?

Тресонче — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Селото се наоѓа на Тресонечка Река, која извира во близина на селото. До селото Тресонче води асфалтен пат кој се двои од месноста Бошков Мост од регионалниот пат Дебар — Маврово и продолжува по текот на Мала Река. Патот до селото Тресонче се двои од овој пат и освен до него, води и до селата Росоки и Селце. Се наоѓа во срцето на планината Бистра, во западна Македонија, а е распослано по левата и десната страна на Тресонечка Река, која извира во непосредна близина на селото. Оддалечено е 22 километри источно од градот Дебар.


Син Вир
Фото: @neistrazhenamakedonija

Од северната страна Тресонче е заградено со врвовите Брзовец и Пешкопеја, од исток со Шкрка (Дајдовец) и од југ со ридовите кои почнуваат со Думостол и завршуваат со карпата Соколица. На југ од Тресонче се наоѓа селото Лазарополе.


foto:Petrovskyz

Климата во долината на Тресонечка Река е континентална, а на високите места планинска, односно алпска, која се одликува со големи врнежи снег. Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.


foto: Petrovskyz

ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕТИТЕ:

Цркви

·         Црква „Св. Петар и Павле“ — главна селска црква, изградена 1844 година

·         Црква „Св. Никола“ — изградена во XVIII век

·         Црква „Св. Јован Крстител“ — црква во селото

·         Црква „Св. Петка“ — параклис надвор од селото


foto: Petrovskyz

Археолошки наоѓалишта

·         Кадиевци — средновековна некропола

·         Петрева Ливада — средновековна некропола

·         Римски Гробишта — средновековна некропола

Природни наоѓалишта

·         Алилица — пештера

 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро

kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!