07.08.2020

Фотографија направена на Бистра: Кампување во шатор со милион ѕвезди

Фотографија направена на Бистра: Кампување во шатор со милион ѕвезди

Запознајте го Марко, а некои наши читатели/патници веќе го познаваат од #insta како @markomons. Човек кој сака да го живее моментот со стил, а по своите фотографии на инстаграм, обожава и да патува. Можеме да забележиме доста објави од патувања надвор од државата, но како што вели тој поради пандемијата од коронавирусот, време беше да се посветиме малку #ДОМА. 


Периодот кој измина тој го искористи за кампување со своето друштво на Бистра, за како што вели тој е одлично искуство. Додава дека порај Бистра, секое кампување било каде и со кого е уникатно. Чувството на изолација и слобода кога си на планина сам е неспоредливо со кампувањето во кампови, вели тој.


Ноќта кога ги направил фотографиите коишто ги гледате, била доста мирна и без облаци. Месечината покасно излегла, со тоа што имал идеални услови за фотки од млечниот пат и кометата Neowise која била уште малку видлива.


Тој додава дека апаратот за фотографирање го носи постојано со себе. Ранецот, како што вели тој, го “влече“ во случај ако излезе нешто интересно да може да го овековечи моментот, како што се и фотографиие на Бистра.


Бистра е планински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и атрактивна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска Река, Гарска Река, Мала Река сè до Бошков Мост.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!