23.06.2020
Хотел Епинал со нетрпение се подготвува за долгоочекуваната сезона
Хотел Епинал со нетрпение се подготвува за долгоочекуваната сезона
Хотел Епинал, лоциран на Широк Сокак во Битола, опколен е со најзначајните знаменитости во градот. Хотелот располага со вкупно 72 соби, од кои 59 двокреветни соби, 8 трокреветни соби и 5 апартмани. Секој детал е внимателно избран за да го претвори престојот на гостите во едно прекрасно искуство.

„Епинал е хотел со традиција и историја. Лоциран во срцето на градот, претставува синоним за квалитет и симбол на градот Битола. Високите стандарди кои долго се практикуваат, професионалната услуга која секој од нас ја негува, единствениот затворен Спа центар на ова подрачје, конференциските простории, уникатната тераса „Широк Сокак“, највкусната храна приготвена од нашите мајстори во „Градска кафеана“, тоа е она што нè прави единствени“,- вели Даниела Нечовска, Менаџер на рецепција во Хотел Епинал.

Во септември 2019 година, Здружението на угостителство и туризам при Стопанската Комора на Северна Македонија го избра Хотел Епинал за најуспешен хотел во категоријата градски туризам. Наградата е добиена за врвната услуга која ја пружа Хотел Епинал според светските хотелски стандарди и е препознаен како еден од врвните градски брендови на хотели.

Ресторанот „Градска кафеана“ е a-la-carte ресторан во склоп на Хотел Епинал, кој нуди неодоливо кулинарно искуство. Со своето креативно мени и елегантната атмосфера, ресторанот е совршено место за сите што ја сакаат гурманската кујна.
„Градска кафеана“ нуди широк избор на сезонски специјалитети, избор на морска храна, современи интернационални и македонски специјалитети со висок квалитет, и внимателно одбрана винска карта.

Лицето одговорно за креативното мени е еден од најпознатите македонски готвачи – Александар Видоевски, кој заедно со неговиот тим, подготвуваат традиционални специјалитети од регионот збогатени со најновите трендови во кулинарството.

„Особено се интересни специјалитетите со риба и морски плодови по кои сме и познати во цел регион. Kвалитетот и свежината на овие продукти се на највисоко ниво. Исто така не постои некој што го пробал мавровското овчо сирење (нашите домашни млечни производи од Маврово) и останал рамнодушен. Од свежо сирење, до сирење на скара или топено сирење, го сакаат во сите форми и видови. Секако најголемиот комплимент за мене е кога гостите при нарачување ќе му кажат на келнерот „оставам на шефот Аце““.

Без разлика дали вашите планови вклучуваат приватно или деловно патување, настан или конференција, Хотел Епинал ќе ви понуди сместување во стил, како и професионална, ефикасна и соодветна услуга.


Многу повеќе фотографии од хотелот можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Контакт телефон: 047 224 777
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!