09.08.2020

Дрвениот мост на село Кожле: Атракција за сите љубители на добрата фотографија

Дрвениот мост на село Кожле: Атракција за сите љубители на добрата фотографија

Кожле се наоѓа во областа Блатија на десниот брег на реката Пчиња. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асвалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума кој ќе ве одведе право во селото.


Доколку Indiana Jones се снимаше во Македонија, пишува Марко Џамбазоски (insta: @markodzambazoski) адреналинскиот мост во селото Кожле би била неизбежна снимачка локација. За да го преминете овој висечки мост потребно е малку повеќе храброст и стабилен чекор, бидејќи се ниша и крцка на секое движење.


Познат е и како Стојанов мост, именуван по жителот на селото кој го изградил, меѓутоа на дел од мештаните не им беше драго што им го спомнавме ова име, па ни кажаа дека мостот е заеднички изграден од неколку фамилии кои живеат во селото и токму името на мостот било причина за расипување на односите помеѓу овие фамилии. 

Како и да е, овој мост, опкружен со недопрена природа, нуди уникатно и несекојдневно доживување и вреди да се посети.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.