18.09.2020

Куќичка на дрво на 2 часа од Гевгелија

Куќичка на дрво на 2 часа од Гевгелија

Запознајте се со проектот „Treehouse на Аграмада“ кое е уникатно луксузно скривалиште во срцето на Халкидики, на само 33 километри од плажата Какоудиа која се наоѓа на почетокот на третиот крак.


Ова куќа се наоѓа во село, а дизајнирана е да можете да имате посебни приватни моменти со вашата партнерка или партнер. Без разлика дали сакате да ги истражувате ридовите, да пешачете во дивината или пак да ги посетите плажите на краците, ова е дефинитвно одлична опција за луѓето кои сакаат да бидат максимално изолирани од јавноста. 


Она што е доста интересно за ова куќа е тоа што таа располага апсолутно со се. Од брачен кревет, модерна туш кабина и купатило, а она што е можеби и најважно за македонските туристи (иако и после долго истражување не сфативме ОТИ) е тоа што ова куќичка има WI-FI. 

Ентериерот е доста модерен, спалната соба е опколена со прозорци, кои даваат доволно светлина, а исто така имаат цел да ви дадат до знаење дека вие пресојувате 24/7 во планина. Прозорци има и на таванот, од каде влегува дневната светлина. 
Ова куќарка е идеална за во текот на цела година. Има клима, фен, греење, телевизор. Цената се движи од 100 долари од ноќевање, но оценката која ја има на AirBnb e 5.0 што значи дека гостите имале предвид да направат рамнотежа помеѓу квалитетот на куќата и вредноста на парите. 


Сопствениците на ова куќичка која ја изнајмуваат на AirBnB но е достапна и за контактирање на Google, приготвуваат и појадок. На традиционален начин, со локална храна. 


Домашниот џем, локалниот мед, домашен сок од лимон, сирење и јајца од локалните мештани, се само дел од она што се служи за појадок. 

Доколку сакате повеќе информации кликнете овде. 



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!