13.02.2023

Хотел Радика со нов и модерен спа центар и затворен базен

Хотел Радика со нов и модерен спа центар и затворен базен

Хотел Радика ја започна сезоната со нови и модерни простории, реновиран модерен спа центар и базен. Фотографиите од хотелот говорат на посветеноста на хотелот да им овозможи на своите гости едно уникатно чувство на комфор за време на престојот.

Платформата Кајак.мк не би била комплетна ако во базата на приватни сместувања го нема хотел Радика, за кој велиме дека е хотел кој треба да си го дозволи секој кој работи вредно и напорно и којшто заслужува моменти на уживање во текот на годината.


Хотелот е идеален за луѓето кои сакаат да побегнат од градскиот метеж и да се ослободат од работниот стрес. Пространите хотелски соби, прекрасниот поглед кон планинските масиви и езерото, одличната живописна локација, вкусната храна и спа центарот кој им е достапен на гостите, се само дел од предностите на Радика.


За Радика велиме дека е идеална опција за тим-билдинг сместување. Особено во текот на пролетниот, летниот и есенскиот период кога во функција се отворениот базен, спортските терени и кога гостите имаат опција за изнајмување велосипеди.

Во околината на хотел Радика се наоѓаат многу планинарски патеки, а во Маврово има доста планински водичи кои може да ве прошетат наоколу и да ве запознаат со убавините на недопрената природа.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.