17.12.2022
Изработувам рачни украси и предмети од дрво, нешто кое во Македонија се работи ретко
Изработувам рачни украси и предмети од дрво, нешто кое во Македонија се работи ретко
Бакалницата на
Кајак.мк ја добива својата 29-та тезга која нуди уникатни дрвени изработки. Денеска
ќе ве запознаеме со Јованче, чии изработки можете да ги погледнете
и да ги нарачате со еден клик ОВДЕ.
Јованче има уникатна приказна поради фактот дека тоа што го работи во Македонија е слабо застапено како занает, а може да се каже дека нема нови генерации кои се фокусираат да го држат во живот ваквиот занает.

Роден во 1978
година, велешанецот е гитарист во панк рок бендот Оловна
Рестрикција. Со занаетот започнал да се занимава пред 3 години, а како што вели
тој, почетоците му биле хоби за исполнување на слободното време.
Во моментот кога неговата сопруга споделува фотографија на социјалните мрежи од негова изработка и по одличната реакција на луѓето, Јованче сваќа дека неговото хоби може да биде многу повеќе од тоа.

Денеска, неговите
изработки имаат две улоги. Едната е да поттикнат среќа кај купувачите или кај
оние што ќе ги добијат за подарок, а втората е едукативна улога која има цел да
едуцира нови генерации за рециклирањето и користењето на веќе постоечки стари
предмети.
За да се комплетира една изработка, Јованче користи старо дрво кое според него има добро минато и душа, а исто така користи стари шрафови, рециклиран материјал, бои, лакови и се што ќе му падне на ум дека може да се вклопи во замислената приказна.

Уникатноста ја
доловува по тоа што изработките не се сериски изработени и по фактот дека во
Македонија има многу мал број луѓе кои се заминаваат со ваквата занаетчиска
гранка. Сите изработки се различни, а при нивна изработка често ги зема предвид
и барањата на купувачите.
Доколку сакате да
ги погледнете изработките на Јованче и да нарачате дел од нив за вас или како
подарок за вашите најблиски, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!