11.09.2021
Доаѓаат деновите идеални за престој во „Осоговски конак“
Доаѓаат деновите идеални за престој во „Осоговски конак“
Свежите утра и
ветровитите денови ни навестуваат почеток на есенските патувања. Џемпер, греено
вино, добра храна и чист воздух. Дефиниција за полнење батерии.
Тимот на Кајак.мк работи со полна пареа да ги додаде сите скромни сместувања кои се наоѓаат на нашите планини, се со цел да ви обезбеди уште една незаменлива зимска сезона. А кога сме веќе кај престојната есенска и зимска сезона сакаме да ве информираме дека ќе се задржиме на активниот туризам, здравиот начин на живеење, здравата храна и чиста еколошка средина.

Неодамна започнавме со организирање на тим-билдинг патувања за компаниите кои сакаат да засадат дрвца на одредени локации. Тоа значи дека Пониква ја додаваме на нашата мапа за садење, а кога сме веќе на Пониква, сакаме да ве запознаеме и со „Осоговски конак“. Веќе добро познат објект каде може да вкусите квалитетна домашна храна.

Прво нешто што ни паѓа на памет кога ќе го слушнеме зборот „конак“ е традиција и историја. Не грешиме во нашето мислење бидеќи овој објект со години наназад го чува и негува традиционалното.

Просториите на конакот се скоцкани со етно елементи, но и доволно модерни за сечии потреби. Она што можеби навистина освојува е погледот од прозорците на конакот. Замислете како го пиете вашето утринско кафе со прекрасен поглед. За правите гурмани, овде ќе најдете специјалитети од дивеч до домашни сирења, салата и ред други специјалитети кои се препознатливи за осоговскиот регион.
Доколку сакате
повеќе информации од сместувањето, контакт број и фотографии, кликнете ОВДЕ.
Доколку сакате да ви организираме еко тим-билдинг на Пониква за вас и вашите
колеги, пополнете го барањето со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија