07.03.2023

Секојдневно го чистиме Охридско езеро од ѓубре и остатоци од покуќнините!

Секојдневно го чистиме Охридско езеро од ѓубре и остатоци од покуќнините!

Сѐ почесто сме сведоци на отпадок и остатоци од покуќнините во водите на Охридското езеро. На крајбрежјето може да се забележат отпушоци од цигари и пластични шишиња, а од дното на езерото честопати се изнесувале стари кади и телевизори.


Несовесноста на одредена група граѓани создава депонија од Охридското езеро, вели Никола Паскали, нашиот локален еко херој кој цели 12 години организира волонтерски еколошки акции за чистење на езерото.


Никола по струка е археолог и се занимава со подводна археологија. За време на летната сезона организира нуркачки тури, а во зимскиот период вели дека има морална обврска да му помогне на езерото да се ослободи од непотребниот шунд.


Фотографиите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи говорат за тоа дека на дното на езерото може да се најде од пластична кујнска опрема, пластични и стаклени шишиња, автомобилски гуми, седла од возила и мрежи од нелегални риболовци.


„Ја разбирам потреба да го посетиме Охридското езеро или да живееме на неговото крајбрежје. Но, не ја разбирам потребата од фрлање отпадоци и остатоци од покуќнината во водите на езерото. Охридското езеро е наше природно богатство кое не прави горди македонци и самиот факт треба да ни даде до знаење дека отпадокот треба да заврши на депонија а не во вода“, вели Никола. Тој додава дека самите родители треба да ги едуцираат своите деца уште од најрана возраст за тоа како да бидат еколошки одговорни, а не да бидат пример за тоа како не треба да правиме.


Во пресрет на новата летна сезона „СКОПСКО“ има нова кампања која има цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните кои како домашни туристи патуваат низ државата. Кампањата „Заедно за чисто Охридско Езеро“ има едукативен и еколошки концепт. Наметнува до знаење дека треба да ги оддржуваме чисти сите туристички места кои ги посетуваме, но од друга страна пак, Пивара Скопје ќе одвојува по еден денар од секое продадено „Скопско 0,5“ и „Скопско Smooth 0,5“ во стаклена амбалажа за спроведување на еколошка акција за чистење на езерото.


 „Убавините што сме ги наследиле се наша гордост, но и наша одговорност. Само од нас и нашите постапки зависи што ќе им оставиме на генерациите што доаѓаат. Приклучи се на СКОПСКО платформата за чисти природни богатства и помогни ни да ја покажеме на дело љубовта кон она на кое сме горди“, велат од „СКОПСКО“.


Повеќе информации за кампањата можете да најдете на www.skopsko.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.