29.09.2020
Беровско: Вила опколена со зеленило во која можете да побегнете од метежот
Беровско: Вила опколена со зеленило во која можете да побегнете од метежот
Во крајниот источен дел на Македонија, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.

Бисер на Малешевските Планини е Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт.
Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.

Како што ни надоѓаат постудените есенски денови, така и Кајак.мк се повеќе ве запознава со планинските сместувачки капацитети. Овој пат на нашата листа ја додаваме вила „Марија“ поради својата отцепеност од јавноста и метежот. Таа се наоѓа во беровскиот регион, опколена со прекрасна природа.

Вила Марија се наоѓа на Беровското Езеро, во прегратките на Малешевските Планини, на стотина метри воздушна линија од самото езеро. До вилата Ве води реновиран асфалтен пат. Според статистиката, ова место е со најголема концентрација на кислород на Балканот и претсавува еден вид воздушна бања. Местото е погодно за рекреација, риболов и екстремни спортови, како велосипедизам. Градот Берово е на 7 км, каде можете да ги посетите прекрасните манастири Св.Богородица и Архангел Михаил. Вилата има приватен паркинг.
Вилата се наоѓа на Беровското Езеро, на патот кој води кон граничниот премин Клепало. Вилата располага со 3 спални соби, две со брацен кревет и помошен кревет, едната со два единецни кревети. Два тоалети и комплетно опремена кујна. Вилата располага со приватен паркинг. Максимален капацитет 8 лица. Престојот може да го искористите за рекреација, пешачење по убавите Малешевски Планини, планински велосипедизам, риболов на беровското Езеро.
Исто така може да ги посетите прекрасните манастири во Берово кои се наоѓаат на 7 км Св.Богородица и Архагел Михаил, кој датира од 18 век. При пристигнување гостите ги пречекува сопственикот и добиваат клуч од него. Доколку нема гости на денот на одјавување, истите можат да го искористат целиот ден на викендицата, но не подоцна од 18 часот. Доколку престојот е подолг од 5 дена, следува промена на постелини и пешкири. Контакт: 070 836 661
Извор: macedonia-timeless.com
Приватни сместувања идеални за време на дожд
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
