22.07.2020

Над илјада ваучери за туризам искористени во првата недела

Над илјада ваучери за туризам искористени во првата недела

Над илјада ваучери за туризам се искористени првата недела од предвидениот рок за нивната употреба. Во согласност со најавите, над сто илјади ваучери се поделени кај граѓаните за поддршка на туризмот, а истите тие може да се искористат до 15 декември оваа година, пишува Нова Македонија.  Надлежните очекуваат дека истите тие ќе бидат во целост искористени, во согласност со досегашниот интерес и во согласност со предвидената динамика.
– Министерството за економија преку платформата има увид во секој момент за сите ваучери кога и каде се искористени во угостителските објекти пријавени во платформата „Дома си е дома“. Во моментот се искористени 1.089 ваучери. Повеќето се во Охрид и во Струга, но има и во Дојран, Берово, Крушево, Маврово и во Попова Шапка.

Според динамиката, откако е почната реализацијата сметаме дека истата таа ќе се реализира во предвидениот рок доколку ситуацијата со вирусот не се влоши во периодот што следува. Особено ако се има предвид дека ваучерите можат да се користат до 15.12.2020 година, поради што сметаме дека има доволно време истите тие да се реализираат – посочуваат од Министерството за економија и додаваат дека сѐ уште е рано да се прават анализи на ефектите од оваа мерка.
Оттаму посочуваат дека за проширување или за продолжување на мерката ваучери за граѓани со ниски примања, со кои е предвидено да се поддржи секторот туризам, како еден од најпогодените сектори поради ширењето на ковид-19, зависи од ефектот на досега поделените ваучери.

Извор: Нова Македонија
Фото: Gorjan Ivanovski

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.