19.12.2020

Резервирајте ја вилата на Маврово со најромантичен двор и поглед кон езерото

Резервирајте ја вилата на Маврово со најромантичен двор и поглед кон езерото

Јануари и февруари се дефинитивно месеците на романтиката. Чаша греено вино, џез, камин и снежен поглед. Што друго би посакале?

Тимот на Кајак.мк викендот ве води на Маврово каде ќе ве запознае со две нови вили кои може да ги резервирате дирекно од нашата база. Вилата „Cece's Home“ е иделано скривалиште за младите брачни парови кои бараат начин како да ги одведат своите деца на чист воздух далеку од градскиот метеж.

Ски центарот на Маврово е исто така еден од главните причини поради кои треба да го посетите Маврово. 

Тимот на Кајак.мк постојано советува дека секое патување треба да има своја причина. Ние како туристички сервер настојуваме вашето слободно време да го поминете активно. Без разлика на тоа дали тоа ќе биде пешачење по снегот, скијање, пливање во затворен базен, планинарење или ред други активности. 

Маврово е одлична зимска дестинација за искусните скијачи. Постојат скијачки патеки од 1.255 до 1.860 метри надморска висина, кои се одржуваат и ги поседуваат потребните услови за скијање на природен и технички снег. Скијачката зона е опремена со 3 жичарници и 11 ски-лифтови кои нудат 25 километри одржувани скијачки патеки кои се различни и погодни за рекреативни и професионални скијачи, како и за почетници.

Вилата „Cece's Home “ е недалеку од ски жичатницата. Таа претставува совршен спој на дрво и камен, модерното во спој со рустичното. Вилата располага со дневен престој и незаменлив панорамски поглед кон Мавровското езеро, кој за момент може да ви го одземе здивот, како и целосно опремена кујна, тоалет, и две спални соби со капацитет од 6 лица. 


Доколку сакате да дознаете повеќе информации за вилата кликнете ОВДЕ. 




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.