24.04.2023

Рајско сместување во Маврово со поглед кон милион зеленила

Рајско сместување во Маврово со поглед кон милион зеленила

Во базата на Кајак.мк ја додаваме „Villa Paradise“ која ни нуди фантастичен поглед кон мавровската зелена оаза. Вилата е идеална за престој во текот на цела година. За вљубениците во природата и пролетта, оваа вила ви гарантира прекрасен поглед додека го пиете вашето утринско кафе. Вилата има капацитет за 8 лица, што значи дека е идеална за фамилијарни патувања или пак за друштвени истражувања на Маврово и околината.


Домаќините на сместувањето велат дека може да се организираат и џип-сафари тури, а исто така имаат и сопствени пчеларници од каде произведуваат сопствен мед и производи од мед. За заинтересираните гости може да се организираат посети на пчеларникот, каде покрај дегустација на мед може да се организира и традиционален ручек приготвен од страна на домаќините кој изобилува со пецива, крофни, леб, домашни колачи и колачи по желба на гостинот.


Исто така, како предлог од тимот се и туритe: Посета на пештерата Шаркова дупка, потопената црква Св. Никола, планинарење на околните врвови, како и посета на селото Галичник.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација на вилата ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!