30.07.2021

Ги документирам планините кои ги посетувам на мој уникатен начин

Ги документирам планините кои ги посетувам на мој уникатен начин

Приказните на Кајак.мк за луѓето кои го чествуваат живото нема да запрат се додека не престанат да се раѓат нови локални херои кои го прават мали работи од огромно значење за развојот на туризмот. На нашата листа го додаваме Сашо Поповски, човек желен за планински авантури.


Сашо раскажува дека неговите  авантури ги започнал уште кога имал 12 години, а се сеќава и на првиот ден кога заедно со неговите другари го посетиле планинарскиот дом Неолица. За првиот планински ден вели дека се чувствувале како да го освоиле Монт Еверест, а ова бил и главниот поттик да отпочне со активно планинарење. Тој вели дека активно со планинарење се занинава во последните 11 години, а дури може да се каже дека повеќето викенди од годината ги има поминато на планина, на велосипед или трчајќи.


Како матична планина си ја смета „Баба Планина“ или како што ние знаеме да си ја наречеме Пелистер. Според него, ова планина е дом на секој што живее во Битола, а причините се повеќе од јасни. Пелистер има разновидната конфигурација на теренот со што може да понуди тури од најразличен тип и тежина, било тоа да се пократки или подолги прошетки низ боровата шума од селото Магарево до Копанки, Јоргов камен, видиковецот под врвот Стив или подолгите рути до врвот Пелистер преку патеката по камењарот, патеката по „болниците“, преку Широка, патеките до Пелистерските очи (Големо и Мало езеро) преку Дебел рид и Сапунчица и ред други.

 

За Сашо Пелистер е идеална планина и за пократки планински тренинг тури пред или по работа, а за викенди честопати знаат заедно со друштвото да направат поголеми планинарски кружни патеки тргнувајќи и враќајќи се пеш од дома до дома. Неколку пати во годината, преку организирани маршеви или тури во помали групи одат и на многу други места и планини низ Македонија и околината.

Како омилени места низ Македонија ги издвоја Кораб, Јабланица, велосипедски off-road тури на Бистра или низ Мариово, велосипедски тури од Битола до Охрид преку Галичица, како и кружната тура околу Охридското езеро.


Кога оди на планина, обично одбира тури кои може да се кондиционо предизвикувачки, меѓутоа технички да не се тешки и да не мора да се користи дополнителна планинарска опрема настрана од планинарски чевли и стапчиња, за да може да се ужива во глетките и звуците на природата, како и да може да се улови некоја добра фотографија или видео снимка. Ова го спојува со неговите други две хобија кои се поврзани со планинарењето и велосипедизмот, како што е фотографирањето и монтажа на видео материјали.


„Иако моите фотографии се далеку од професионални, сепак неколку од нив беа наградени на конкурси како Вики ја сака Земјата и ЕХО фестивалот на планински филм“, вели Сашо и додава дека монтирањето на кратки видео спотови со планински мотиви и музика во позадина му е уште едно омилено хоби. Снимките и монтажите се аматерски, но често наидуваат на позитивни реакции од луѓето кои што ги гледаат на facebook или youtube, што го мотивира и понатаму да ја носи со себе GoPro камерата.


Како успех ја истакнува видеомонтажата од Пелистер која преку ноќ стана хит, а на која нашата единствена Евгенија (Зарина Првасевда) или билбилот од планина ја пее токму песната Билбил пее во планина, а кој видео запис има 360 000 прегледи и над 2500 споделувања.

Неговите видео записи може да ги погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=hbvXgXgnq1k https://www.youtube.com/user/vidivideo410019,

Facebook профил: https://www.facebook.com/saso.poposki/
Vimeo канал: https://vimeo.com/user74189791

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!