11.04.2023
Излетнички места во Македонија за кои можеби не сте слушнале
Излетнички места во Македонија за кои можеби не сте слушнале
Многумина од
нашите активни туристи кои секојдневно пребаруваат на платформата „Кајак.мк“ бараат предлог излетнички места во Македонија кои може да ги
посетат за Велигденските празници. Во пресрет на викендот, тимот на Кајак.мк
споделува неколку дестинации во Македонија за кои можеби првпат ќе прочитате, но вреди да ги истражите и посетите.
Но пред да ви ги споделиме предлозите, нашиот тим во
соработка со СКОПСКО ве советуваат да ги оддржувате чисти сите природни убавини
на Македонија! Ве замолуваме да не фрлате отпадоци во природа, а ве советуваме
да го вратите назад вашиот отпад и да го оставите во урбаните контејнери
наместо во планинските корпи за отпадоци, бидејќи планинските и излетничките
места поретко се чистаат.
Нашиот прв
предлог се „Водопадите на Камењане“
Посетете ги водопадите на Камењане, а воедно и прекрасното село Јеловјане. Одлично стокмено излетничко местo каде имате информативни табли и маркици кои водат низ буковата шума. Овде ќе наидете на осум водопади, секој со своја уникатна убавина. Непосредно пред првиот водопад имате стара воденица каде мештаните на селото го мелеле житото, а веднаш потоа ќе наидете на скалила кои ќе ви го олеснат движењето низ реката. По течението на реката ќе наидете на многу дрвени мостови, прекрасни глетки, прекрасни скриени местенца каде ќе сакате да останете цел ден.
Фото: goonerskmk
Втор предлог е
селото Куратица!
Уникатно
селце во кое ќе запознаете
несекојдневни локални мештани. Овој предлог може да го земат предвид оние кои ќе го поминат продолжениот викенд во
Охрид. Од самиот град до
Куратица има околу половина час возење.
Куратица е идеална за луѓето кои сакаат активен туризам во комбинација со вкусна
здрава локална храна. Во самото село ќе запознаете доста мештани кои
организраат разни прошетки во природа до Мазатар од каде може да ги набљудувате Преспанско и Охридско езеро
истовремено, а имате можност да управувате АТВ мотори, да погалите магариња и да ја посетите Плаќенска планина со Сталев камен
кој е на 1999 метри надморска височина.
Нашиот трет предлог е “Станечкиот водопад“
Од западот на Македонија се селиме во регионот на Крива Паланка, каде како дестинација ви го посочуваме „Станечкиот водопад“. Овој водопад се наоѓа на Козја Река во близина на селото Станци на 8 километри од Крива Паланка. До самото селце има асфалтен пат, а потоа продолжувате по патека која поминува низ прекрасна природа и е долга 3 километри. На крајот од патеката ќе ве пречека прекрасниот Станечки водопад кој е на надморска височина од 1160 метри и има вода во текот на цела година. Водопадот е висок 11 метри и е најголем водопад на Осоговските планини.
Foto: Maryan Petrovski Photography
Дали сте
слушнале за „Кривошијските кади“?
Вљубениците во Шар Планина, знаат дека Лешница зрачи како дијамант на планинскиот масив. Преполна со чисти планински реки, водопади, густа борова и букова шума и безброј карпести врвови. Вака многумина ја опишуваат Лешница, долината која во себе ги крие Кривошијските кади. Тимот на Кајак.мк ја препорачува оваа дестинација на сите активни спортисти и луѓе кои сакаат динамични прошетки во природа. За да стигнете до Лешница треба да се помине низ карактеристичките пејсажи на Шара, каде имате пространи пасишта и врвови кои достигнуваат до 2000 м.н.в.
Идеална излетничка
дестинација оние кои не се доволно физички активни е селото Серменин на планината
Кожуф.
Ова селце ги освои симпатиите кај сите авантуристи по приказната за „Водопадот Вера“ која ни ја раскажаа Ратка и нејзиниот сопруг Венци. Водопадот Вера е приказна што ја пишуваат Ратка и Венци кои на сопствена иницијатива одлучиле да исчистат дива локална депонија и на истото место да изградат еколошко излетничко место кое денес го посетуваат многу локални жители. За жал се уште имаме многу несовесни туристи кои фрлаат отпадоци околу водопадот, но се надеваме дека со тек на време сите ќе сфатиме дека имаме само една планета. Покрај водопадот, во самото село имате угостителски објекти кои служат вкусни локални специјалитети.
Тимот на Кајак.мк и „СКОПСКО“ ве советуваат да се грижите за
животната средина. Без разлика за која дестинација и да се одлучите, ваше е да
го соберете отпадокот и да го вратите назад во градските контејнери. Дивите
депонии кои никнаа низ нашата држава се резултат на несовесноста на граѓаните.
Затоа „СКОПСКО“ започна своја кампања наречена „Наша гордост, наша
одговорност“. Кампањата има цел да ја подигне еколошката свест кај
граѓаните кои како домашни туристи
патуваат низ државата.
СКОПСКО ќе одвојува по еден денар од секое продадено „Скопско 0,5“ и
„Скопско Smooth 0,5“ во стаклена амбалажа за спроведување на еколошка акција за
чистење на повеќе локации ширум државата, а како прва значајна туристичка
дестинација е Охридското езеро.
Повеќе информации за кампањата можете да најдете на www.skopsko.mk
Коментари
-
Lazar
13.04.2023 08:02
Definitivno ke gi posetam site interesni mesta vo Makedonija, slednive 4-5 godini, a vie samo mi pomagate... Blagodaram mnogu na vashite soveti I iskustva...
-
Зоран Јовановски
13.04.2023 06:19
Здраво,одлична ви е кампањата ,ова е убава промоција на нашите природни убавини.Поздрав
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.

Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!
Вински дегустации, вински вечери, приватна атмосфера и уникатно доживување!

Предлог пикник дестинација: Рибничка река
Дали сте слушнале за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?

Ново на Кајак.мк: Авантуристички парк на Осоговските Планини
Adventure park нуди уникатен спој на активности на отворено, мирна планинска атмосфера и автентична македонска гастрономија.

За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк
Голф терен во Охрид. На располагање е целокупна опрема за изнајмување, како и основна обука за почетници. Патувањето со голф-карт низ зелениот терен е само еден од многуте моменти што ќе ги паметите.