16.03.2023

Планинска викендица изолирана со густа шума

Планинска викендица изолирана со густа шума

Денеска ве водиме во туристичката населба Смрдлива Вода, каде што се наоѓа нашето ново сместување- Вила Јован.

Викендицата се наоѓа во мирна и прекрасна средина, каде на околу 100 метри има историска чешма за која веќе со децении се говори дека има лековита вода. Од самата туристичка населба ви започнуваат разни планинарски патеки кои дел од нив водат до врвот на планината Кожуф, а дел од нив до пониските врвови на планината.


Со прекрасен поглед од терасата, вила Јован е идеално сместување за пролетните и летни денови, поред се поради идеалната надморска височина која ќе ви гарантира свежи ноќи и спокој во текот на денот. Опкружена е со висока дабова и букова шума, а на околу 300 метри од сместувањето можете да го посетите водопадот до каде имате маркирано патека.


За „Смрдлива вода“ сме пишувале и претходно на Кајак.мк. За оние кои за првпат го читаат поимот, треба да знаат дека оваа туристичка населба е оддалечена околу 24 километри од Гевгелија, а мештаните ја порепознаваат по специфичната вода која извира овде, а за која велат дека има лековити својства.

Вила Јован има капацитет да прими 8 лица. Располага со 3 соби, 4 единечни кревети, еден браеч кревет и една софа.

Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!