12.04.2021
Oтсега може да престојувате на чифлик во Македонија
Oтсега може да престојувате на чифлик во Македонија
Ни престои една
доста интересна летна сезона посветена на истражувањето на малите градови и
села. Со сигурнот ќе се согласите дека повеќето од нас ќе се фокусираат на
истражување и изучување на многу села во Македонија, Србија, Црна Гора, а да се
надеваме и Грција.

Можеби не сте
чуле, но на централниот дел на Халкидики има многу добри и инстересни
сместувачки капацитети кои ви ја ловат оригиналната страна живеењето. Но за ова
ќе пишуваме подоцна.

Денеска ве
информираме дека во нашата база на приватни сместувања е додаден мотелот Чифлик.
Престојот овде може да биде инстересно искуство за сите кои живеат во централни
градски урбани населби. Дали заете зошто? Затоа што, овде може да се
запознааете со домашните животни. Да погалите коњ, коза, да бидете физички
активни во природа и најважно од се е да се хранаите здраво.

Тимот на
Кајак.мк е радосен што расте интересот кај македонските туристи да го истражуваат
животот на локалното население, а се надеваме дека ќе поттикнеме многу туристи
да престојуваат на места идентични на дестинацијата.

Што се однесува
до мотелот Чифлик. Тој се наоѓа во село Долна Белица на 34 километри од
Македонски Брод. Низ селото поминува прекрасната река Белешница која изобилува
со кристално чиста вода, а која од 2002-та година е заштитена како споменик на
природата. Реката треба да ви биде предизвик за да го посетите ова село.

На самата рекла
е изграден мотелот кој нуди допир со природата. Неговата околината е одлична за
активен туризам, за спортување на отворено, за медитација и јога. Доколку
сакате да дознаете повеќе информации за сместувањето, цени и фотографии, тогаш
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.