10.02.2023
Дали сте слушнале за етно куќата Св. Петка во село Велгошти?
Дали сте слушнале за етно куќата Св. Петка во село Велгошти?
Ако сакате вкусна
традиционална македонска храна, подготвена и послужена на доста уникатен начин,
треба да ја посетите етно-куќата Св. Петка која се наоѓа во селото Велгошти.
Велгошти е селце на идеална надморска висина од 750 метри, што му овозможува прекрасна панорамска глетка кон Охриското езеро. Велгошти е од ретките селца во Македонија кој наместо да се соочува со иселување, неговата бројка на жители постојано расте.

Сопствено дело на Raso mk
Во самото село се
наоѓа манастирот Св. Петка, кој секојдневно го посетуваат многу лица, а особено
во месец август кога воедно се чествува светицата.
Велгошти е најголемото село во општината Охрид, а неговата местоположба го прави селото предградие на самиот град. Во селото се родени познати македонски историски имиња како Живко Чинго, Иван Шапкаров, Христо Трпев и други.

Етно куќата Св.
Петка е една од познатите атракции која примамува многу туристи да го посетат
селото. Овде може да се вкусат доста локални и традиционални специјалитети.
Одлична храна,
одлична услуга и исплатливост. Ова се само дел од позитивните критики кои ги
има ресторанот.
Точната локација,
повеќе фотографии и контакт за резервација, можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Коментари
-
Милица М
11.02.2023 17:38
Прекрасен амбиент и највкусна храна
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.