30.09.2020
Најдобрите вили на Маврово достапни за резервирање: Вила Ризанди
Најдобрите вили на Маврово достапни за резервирање: Вила Ризанди
Еко Кајак.мк ве запознава со најубавите приватни сместувачки капацитети на Маврово и околината, а воедно ви дава можност да резервирате за вас и вашите најблиски.
Денеска сакаме да ве запознаеме со Фадил Зендели. Сопруг и татко на две деца, кој вели дека го посветил живото да изгради вакво сместување кое ќе биде воедно и нивен мал фамилијарен бизнис.
Вилата Ризанди се наоѓа во населбата Маврови Анови, во неа има три соби за спиење, една дневна соба со опремена кујна, греењето е централно со систем преку каминот. Предноста на вилата е што располага со прекрасен погед кон Мавровско езеро, а има и прекрасен двор каде се наоѓа скара за гостите.
При секое запознавање со сместувачките капацитети на Маврово, еко-концептот на Кајак.мк има цел да ве запознае и со атрактивни туристички локации кои ќе ви го направат вашиот одмор активен.
Вила Ризанди можете да ја резервирате на: 071323666
Наш предлог, за оние храбрите туристи, е посетата на Корапскиот Водопад(Пројфелски Водопад) кој е водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Но и доколку тој не тече, сепак регионот е прекрасен за посета. 
Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м,а а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.
Извор: wikimedia.org
Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почеток на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува.
Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње, или од десната страна преку Бибање, покрај врвот Кабаш. Патекети се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини. извор: https://mk.wikipedia.org
Кајак.мк ве советува ова туристича атракција да ја посетите со лиценциран и искусен планински водич, бидејќи секое искуство на планината е неопходно за секого кој првпат се качува на неа.
Приватни сместувања идеални за време на дожд
|
Коментари
-
Ljupka urumova
03.01.2022 16:20
Dali e slobod.od 07-10.01.2022 god
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
