20.03.2020

САД поради коронавирусот нема веќе да издава визи

САД поради коронавирусот нема веќе да издава визи

Соединетите американски држави денеска го прекинаа издавањето визи во сите земји низ светот, поради опасност од ширење на коронавирусот, соопшти Стејт департментот, пишува Канал5.



Колку што е можно, амбасадите и конзулатите ќе продолжат со издавање само итни визи“, соопшти Министерството за надворешни работи на САД на Твитер.

Еден ден порано, Стејт департментот ги заостри предупредувањата за патувања, повикувајќи ги граѓаните да не патуваат во странство заради ширењето на новиот коронавирус, а оние што веќе се во странство итно да се вратат назад .

Ова предупредување на Стејт департментот важи за сите земји во светот, мерка што досега никогаш не била спроведена.

САД ги покануваат своите државјани од земјите од кои сè уште постои можност за комерцијални летови итно да го организираат нивното враќање доколку не сакаат да останат таму на неодредено време.

САД имаат скоро 11.000 потврдени случаи на инфекција.

Извор: https://kanal5.com.mk/sad-poradi-koronavirusot-nema-vekje-da-izdava-vizi/a414114

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!