20.10.2020

Скриената вила на Пелистер во која можете да престојувате

Скриената вила на Пелистер во која можете да престојувате

Дали сте слушнале за село Магарево? Доста релаксирано зелено село кое се наоѓа на планината Баба/Пелистер. Село Магарево се наоѓа недалеку од Дихово кое е исто така добро место со атрактивни приватни сместувачки капацитети.
Овие села најчесто се користат од скијачи, но тоа не значи дека останатите кои не го практикуваат овој спорт нема што да прават таму. Напротив, тимот на Кајак.мк ќе ви даде одлични совети за како да го направите вашиот одмор да биде активен.

Пред се дозволете да ви ја претставиме вилата на Раде, која е јавно објавена на општина Битола и е достапна за изнајмување. Ова прекрасна селска викендичка е вистински избор за луѓето кои бараат приватен луксуз. Внатрешното модерно се бакнува со традиционалните елементи што ви дава уникатно чувство и ве поттикнува да си кажете во себе: Аххх и кај нас има добри места за престој...
Целото приземје е отворено. Има камин опколен со кревети. На приземјето има ТВ, трепезарија и кујна опремена со сите неопходни работи за приготвување на лесна храна. (Ние како тим и тоа како сме против тешки пржаници за време на одморот...Навистина не ја разбираме потребата од тоа...)

Се радуваме на отворените скали и внатрешната тераса која води до спалните соби на првиот спрат.

Купатилото/тоалетот е на приземјето. На приземјето има голема тераса погодна за седење и уживање со поглед кон исток, но има и помала тераса со поглед кон југ.

До Кајак.мк пристигнаа доста реакции од патувачи кои велат дека има сместувачки планински капацитети кои не им дозволуваат да го користат дворот, па затоа ви даваме до знаење дека сопственикот Раде вели дека куќата има огромен двор кој е погоден за повеќе спортови.

Голем дел од луѓето кои постојано ги следат нашите патувачки совети во време на пандемија знаат дека ние најстојуваме да ве “убедиме“ дека активните одмори се секогаш плус за вашето здравје и намалување на стресот. Затоа, ова е наш предлог до сите не-скијачи (па и скијачите кога нема снег) кои ќе гостуваат во вилата на Раде или пак во околината.  

Наш предлог за сите неактивни спортисти е „Историската патека од Прва Светска Војна“.

Патеката е долга околу 2,5 километри, а времетраење на турата е приближно два часа. Но без паника патеката е лесна. Височински точки на патеката се од 1350 до 1420 метри надморска височина. Турата може да ви започне од „Инфо центар – Национален Парк Пелистер 1350м → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м. За сите кои првпат поаѓате на Пелистер, ви препорачуваме да се информирате на „Инфо центарот“ или пак да договорите лиценциран планински водич кој ја владее територијата, се со цел да бидете сигурни во пешачењето.

Климата на Баба е планинска, и како таква погодна е за развој на планински туризам (зимски и летен). Па затоа ви препорачуваме да ја погледнете прогнозата и температурите пред да тргнете на патување.
Ова вила можете да ја резервирате на: 075-207-600 (bitola.gov.mk)


Дознајте повеќе:
Староградска куќа во Крушево достапна за изнајмување


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.