Апартмани Костески: Пониква

Kochani/Ponikva
Цена од:

2,530.00 ден

Апартмани Костески се ново уредени апартмани на Пониква, можете да ги резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 60
Кревети : 60
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Мал апартман тип 1-2,530 ден/ноќевање
  • Мал апартман тип 2-2,750 ден/ноќевање
  • Голем апартман тип 1-3,630 ден/ноќевање
  • Голем апартман тип 2-3,850 ден/ноќевање
  • Сите наведени цени се однесуваат за наем на цел апартман, не по лице.
  • Греење
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани Костески се наоѓаат на Пониква, на 50 метри од малата стаза и ски лифтот.

Објектот располага со 12 апартмани ( 6 мали и 6 големи ).

  • Малите апартмани располагаат со брачен кревет и гарнитура на пуштање во дневната соба.
  • Големите апартмани располагаат со една соба со брачен кревет, една соба со два единечни кревети и гарнитура на пуштање во дневната соба
  • Сите апартмани располагаат со сопствен тоалет и кујна комплетно опремена со кујнски прибор.
  • Пушењето внатре во апартманите е забрането, дозволено е надвор на терасите и околу објектот.

Сите апартмани имаат Wi-Fi пристап.

Има приватен паркинг.

Максимален капацитет е: 60 луѓе вклучувајќи деца

Објектот се наоѓа во планинска област, на надморска височина од 1580м.

Во близина е туристичкиот инфо центар на Пониква и неколку викенд куќи.

 

Check in: По 10:00 часот наутро.
Check out: До 10:00 часот наутро со можност за договор.


Клучот од сместувањето се дава на лице место од овластено лице за објектот.

Постелнината и пешкирите се менуваат на 5тиот ден задолжително, а по барање на гостите и порано.

Пониква располага со многу убава природа, чист воздух, ски патеки, велосипедски и пешачки патеки, ресторани со вкусна храна. Во склоп на објектот има детско катче со лулашки, убава голема тераса која е достапна за сите гости со поглед кон прекрасно зајдисонце, можност за голема дружба, скара и огниште покрај кое може да се седи и ужива. Дополнително вклучена е и заедничка просторија за дружба во зимно време опремена со два Smart телевизори, кафемат, комплетно опремена кујна со шанк која гостите може да ја користат за подготовка на топли пијалоци.

Објектот не дозволува влез на домашни миленици.

Објектот има простор за оставање на велосипеди.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Aleksandra Todorovska

    30.01.2024 19:54

    Mi treba eden golem apartman za cetvorica vozrasni i dve decinja od 3 do 4 fevruari,edna nok.Vi blagodaram odnapred

  • Nenat ivanovski

    27.01.2024 18:44

    Dali imate sloboden mal apartman tip 2 za period 11.2 - 13.2

  • Aleksandra Tanevska

    15.12.2023 22:58

    Zdravo dali ima slobodni 2 apartmani edniot za period od 29.12 do 02.01. , a drugiot od 29.12 do 01.01