24.10.2020

Планината Крчин: Идеална за планинарење со лиценцирани водичи

Планината Крчин: Идеална за планинарење со лиценцирани водичи

Разгледувајќи што да ви споделиме денеска, се сетивме на Крчин. И покрај тоа што не сме биле на ова планина, апетитот да ја посетиме ни го даде Мартин Димитриевси, кој е автор на фотографијата која е на насловна. Преуба нели? 

Една од поубавите планини во Македонија е дефинитивно Крчин. За тие кои немаат слушнато за неа, ова планина се наоѓа во Западна Македонија и Албанија. Таа е на некој начин продолжение на планината Дешат и е дел од големиот венец составен од Шара, Кораб, Дешат, Крчин, Стогово и Караорман. На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил кој може да се најде само на ова планина. 

На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.

„Планината е добро покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува буката, од која во голем број се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. Во помал број се среќаваат и борови, смреки, јасики, планински јавор и брези. Од другите видови на растенија и од оние кои даваат шумски плодови широко распространети се боровинката, малината, капината, шипинката, планинскиот чај, ајдучката трева, киселецот, а папратот во голема мера е застапен на цели ливади и предели. Од растителнојадните цицачи ги има еленот, дива свиња, срна, дивокоза. Од ѕверовите се среќаваат мечка, волк, рис, лисица. Има и повеќе видови птици“, пишуваат planinarskipateki.mk на својата интернет страница. 

ФОТОГРАФИЈАТА Е ДЕЛО НА:  travel_and_discover_macedonia

На нивната страница стои дека на Дешат почиваат неколку мали леднички езера, меѓу кои најпопуларно е Локув. Ова езеро се вбројува во најниските леднички езера во Македонија, а сместено е во североисточниот дел на планината на надморска височина од 1.560 метри.

Врвот е Голем Крчин, до кој како што пишуваат planinarskipateki.mk се тргнува од село Битуше по широка патека, а потоа патеката води низ шумски предели. Во правец на сртот се наидува на карпест појас со ширина од неколку десетини метри, за чие заобиколување е потребно доста време. Понатаму откако ќе ја заминете шумата теренот е тревнат и се оди по него во правец југозапад. Откако ќе пристигнете до седлото, преку еден помал врв се искачува Голем Крчин.

Искачувањето на врвот не ви го препорачуваме без организација од страна на планинарските друштва, планинарски лиценцирани водичи кои ја владеат планината. Но, сепак, во нашите текстови има нешто што може да го направите и сами. А тоа е да го посетите село Битуше. Ова мошне интересно село според својата местоположба и развиток се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, чиј атар се издига на источната падина на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Тоа е сместено во кањонскиот дел на реката Радика, од нејзината десна страна. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 954 метри. 

АВТОР НА ОВА ФОТОГРАФИЈА Е: КИРИЛ СТОИМЕНОВСКИ

Во селото Битуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласен е еден објект како споменик на културата и со тоа за културно наследство на Македонија, а тоа е Партизанска печатница „Гоце Делчев“ — прва илегална партизанска печатница во Македонија, која работела во периодот ноември 1942 до јуни 1943 година. Инфо: wikipedia


НАША ПРЕПОРАКА: 

Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Нови и модерни апартмани во срцето на Скопје

Секој апартман е проектиран со цел да обезбеди максимален комфорт и интимност, опремен со дневна соба, кујна, трапезарија, две спални соби, два тоалети и две тераси, идеални за одмор и уживање.

Нов планински бунгалов на 1200 метри височина достапно за резервации

Сместен на магична надморска височина од 1200 метри, во срцето на недопрената природа која го бакнува Беровското езеро, се отвори уште еден нов бунгалов идеален за еден пар кој сака да ужива во приватноста и спокојот.

Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде

Тимот на Кајак.мк постојано ја надополнува својата база на приватни сместувања со нови уникатни скривалишта за луѓе кои сакаат да одморат глава од напорната работа, од гужвата и хаосот.

Апартман во Берово достапен за секого

Тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања ни се приклучува уште еден апартман кој може да си го дозволи сечиј џеб.

Запознајте ја стружанката Сара: Младата девојка која изработува накит од овча волна

Материјалите што ги користи Сара се од највисок квалитет и се природни. Овчата волна ја припрема сама, од перењето и чистењето до влачењето и боењето.

Изнајмете вила со приватен базен во Кучково преку Кајак.мк

Уште едно ново сместување со базен за оние кои сакаат да имаат апсолутна приватност!