30.07.2020

И оваа плажа е во Македонија!

И оваа плажа е во Македонија!

Природата околу Сливница ќе ве остави без здив, можеби и тоа е причината поради која ние организираме еднодневно капење на најдобрата плажа КОНЕКТ. 


Еднодневно капење на Конект на 3-ти август. За повеќе инфо кликнете ОВДЕ.


Инаку, селото е сместено на надморска височина од околу 900 метри, па летните ноќи се свежи и исполнети со чист воздух.. На самата плажа има фантастичен таканаречен мост, од кој можете да ги гледате некои од најубавите зајдисонца.


Романтична и со поглед кон островот Голем Град, ќе ве воодушеви и ќе посакате да се вратите. Овде ќе посведочите на прекрасно ѕвездено небо и ќе ве прегрнат боите на виножитото.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање.