07.08.2020

Од Валандово на Плавуш: Локално зеленило за досадни викенди

Од Валандово на Плавуш: Локално зеленило за досадни викенди

Ова верско светилиште се наоѓа во еден живописен предел на планината Плавуш, северозападно од Валандово, расположено во тишината и спокојот на природата, на чија убавина најповеќе се воодушевува окото на намерникот, на љубопитникот.

Во средниот век на овој простор постоела мошне убава црква, посветена на Свети Ѓорѓи, од која зрачела убавината на валандовското поднебје. Неа ја подигнал српскиот цар Стефан Душан во 1349 година, а ја граделе неимари со развиена смисла за естетика.. Во 1349 година, црквата заедно со својот имот, царот Душан ја подарил на Атонскиот манастир на островот Атос. Во црковната повелба било нагласено дека средновековната црква Св. Ѓорѓи, има свои имоти во атарите на Валандово, Пирава и Раброво.


Според едно старо предание, кога Марко Крале се враќал од Прилеп од прошетка во планината Беласица, каде што ја одмерил својата сила фрлајќи големи камења во Дојранското езеро од кои еден се забил во месноста Дикили Тас северозападно од Дојран откако ја минал Анска река, го запрел коњот Шарец над Валандово, во месноста Манастирот. Влегол во црквата Свети Ѓорѓи и се помолил на Господ. По краткиот одмор го продолжил патот кон Прилеп.

По доаѓањето на Турците во Валандово, црквата Свети Ѓорѓи прераснала во манастир. Манастирската црква и конаците околу неа, биле оградени со високи и дебели ѕидови, скопчани со тешка железна врата.


Градбата на црквата е од камен, а во основата е спуштена за една степеница под нивото на бетонираниот трем, кој е нешто повисок од нивото на земјата. Оваа еднокорабна црква со низок свод , чија поставеност е во насока исток-запад,лоцирана е до брегот на една удолница. Некои од иконите се изработени по земјотресот кој бил 1931 година и ја разурнал црквата, но има и такви кои се изработени во поново време. Олтарната преграда што ја сочинува малиот иконостас, ја има дебелината на рамките на иконите.Во средината на јужниот ѕид се наоѓа таканаречениот владички стол, а лево од него се иконите.

Манастирскиот простор денес е прекрасно среден и претворен во излетничко место, место за уживање и одмор. Инаку амбиенталното обликување на просторот околу манастирот ќе придонесе ова светилиште да служи, не само за развивање на интензивен религиозен живот, туку и за одмор и рекреација.

 

Пишува: Блаже Трајков


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање.

Вила со базен, џакузи, сауна и тениско игралиште идеална за секого

Вила со базен и џакузи, сауна и тениско игралиште. Се изнајмува за организирање на дневни приватни настани, а може да се изнајми и за престој.

Организираме СУП тури на Охридско езеро: Природа, чист возду и авантура

Охридското Езеро е не само природен бисер туку и место каде историјата и современоста се спојуваат во хармонична целина. SUP турите овде не се само спортска активност, туку патување низ времето и просторот кое го обновува телото и духот.

Селска викендица во село Бадар идеална за цело семејство

Од денеска нашиот свет го надополнуваме со уште една таква викендичка. Ве водиме во село Бадар, поточно во населбата викана „Зад Град“ во близина на Катлановска Бања, каде запознавме уште едни домаќини кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк.