21.10.2020

Две жени доставуваат храна со велосипед низ Скопје

Две жени доставуваат храна со велосипед низ Скопје

Од кујна на велосипед. Вака Андријана и Ана го поминуваат работниот ден во Скопје.

Кајак.мк ви споделува инспиративна приказна која вреди да ја прочитате до крај, не поради фактот дека е успешна, туку поради фактот дека ние како тим ообожаваме да промовираме еколошки идеи кои имаат влијание врз средината и здравјето на луѓето.

На фејсбук страницата „Мелем од вкусови“ која може да ја погледнете со еден клик ОВДЕ ќе најдете голем избор на свежи оброк салати со продукти од македонско поднебје кои се доставуваат во тегли. Покрај салатите има и избор на оброци, смути пијалоци, сендвичи и врапови. Нивната храна е составена претежно од плодови кои растат на македонска почва. Андријана вели дека се свесни за здравите состојки кои ги има во нив, го знаат потеклото и знаат дека се одгледувани на наши ниви.

Со тоа што се фокусираат на домашен зеленчук и овошје даваат својата поддршка на македонските земјоделци.

Ана вели дека салатата е секогаш свежа. Салатите не ги подготвуваат претходно за продавање, туку ги подготвуваат кога купувачите ќе ги нарачат, бидејќи само така се задржува свежината и вистинскиот вкус. Салатите и житните оброци се она што е го бараат сите, додава Ана. 

Нивните салати не се класични, туку во нив се вметнуваат продукти со протеини кои бавно се разградуваат и витамини кои притоа не го оптоваруваат организмот. Тоа е главната цел на „Мелем од вкусови“. Лесно достапен здрав оброк и помалку изговори кога е во прашање здравата исхрана.

Сите производи се доставуваат со велосипед, а доставата е бесплатна за Буњаковец, Дебар Маало, Центар, Кисела Вода и Карпош. Велат дека се големи љубители на природата па затоа се одлучиле храната да ја пакуваат во тегли, а доставата да биде еко пријателска.

Конзумирањето на храна од „Мелем од вкусови“ ќе ве направи општествено одговорна личност поради фактот дека се што се употребува може да се разгради или рециклира. Главниот фокус на овие жени е грижата за животната средина.

Покрај доставата, нивните производи може да ги купите од нивата продавница која се наоѓа во во трговскиот центар Буњаковец на први спрат од задната страна, наспрти катната гаража на Бул. Партизански Одреди 29-1/033. Тие велат дека најдобро е претходно да се направи нарачка по телефон за да може тие да ја подготват храната со свежи состојки.  За нарачки и информации јавете се на 075 285 226.

 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Нови и модерни апартмани во срцето на Скопје

Секој апартман е проектиран со цел да обезбеди максимален комфорт и интимност, опремен со дневна соба, кујна, трапезарија, две спални соби, два тоалети и две тераси, идеални за одмор и уживање.

Нов планински бунгалов на 1200 метри височина достапно за резервации

Сместен на магична надморска височина од 1200 метри, во срцето на недопрената природа која го бакнува Беровското езеро, се отвори уште еден нов бунгалов идеален за еден пар кој сака да ужива во приватноста и спокојот.

Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде

Тимот на Кајак.мк постојано ја надополнува својата база на приватни сместувања со нови уникатни скривалишта за луѓе кои сакаат да одморат глава од напорната работа, од гужвата и хаосот.

Апартман во Берово достапен за секого

Тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања ни се приклучува уште еден апартман кој може да си го дозволи сечиј џеб.

Запознајте ја стружанката Сара: Младата девојка која изработува накит од овча волна

Материјалите што ги користи Сара се од највисок квалитет и се природни. Овчата волна ја припрема сама, од перењето и чистењето до влачењето и боењето.

Изнајмете вила со приватен базен во Кучково преку Кајак.мк

Уште едно ново сместување со базен за оние кои сакаат да имаат апсолутна приватност!