23.10.2020

Вила на Маврови Анови идеална за да побегнете од сите

Вила на Маврови Анови идеална за да побегнете од сите

Има денови кога сакаме да сме сами, нели? Особено луѓето кои работат во хаотични работни средини. Без разлика дали работата е физички или психички напорна, секој од нас бара ќоше во кое може да побегне макар на два дена. 

Во време на пандемија кога стресот е многу поголем, ограничените можности за патување, ограничените човекови права за движење не стегаат постојано. Да не зборуваме за лошите мисли кои не гонат сите нас, стравот од неизвесната иднина, опстанокот на работа и слично.

За нас, нешто што би можело да помогне да се намали стресот, да се испразни главата од лошите предвидувања и размислувања, да се наполнат батериите за да продолжи битката со пандемијата е дефинитивно вила како ова која денеска ќе ви ја презентираме. 

Избор за денеска, Маврови Анови. 

Ова вила успокојува затоа што има феноменален поглед кон Мавровско езеро и е на само две минути од околните ресторани и кафулиња, но сепак отцепена и во тишина. 

Погодна е за сместување на 6 лица. Повеќе информации за вилата можете да добиете од сопственикот Димитар на: 072 624 850

Кајак.мк во текот на вчерашниот ден пишуваше за што може да се прави на Маврово во октомври и ноември. Ние ви предлагаме да прочитате нешто повеќе и да го исполните слободно време за рекреација. Локалците на Маврово знаат како е да се живее секојдневен живот таму, затоа сакаме да го почуствувате тоа.

Од возење со Ладата на Ѓорѓи, јавење на последните тури со коњи, велосипеди кои може да ги изнајмите од Скопје, доколку немате ваши и пешачки тури кои може да си ги организирате. Најважно од се е да имате со вас постојано кеса за отпадоци, бидејќи за тоа сме туристи. Повеќе информации за тоа што може да правите на Маврово прочитајте со еден клик ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање.