02.08.2020

И ова е во Македонија: Селото Зовиќ магнет за авантуристи

И ова е во Македонија: Селото Зовиќ магнет за авантуристи

Запознајте го мариовскиот регион, односно едно од најпопуларните села, селото Зовиќ. Можеби ова место најдобро ќе ви го преставиме преку објективот на Дарко Бошковски, кој во нашта група „Туризам во Македонија“ ни испрати прекрасни фотографии. Со еден збор Дарко знае како да ја претстави вистинската убавина на овој крај. 



Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел на областа Мариово. Припаѓа на Општина Новаци и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско Мариово. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на Градешка Река. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка Свети Атанасиј, во подножјето на висорамнината Добро Поле. Иако куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови, според надморската височина Зовиќ е ридско село.

Крај селото веднаш по познатиот Зовички мост, Градешка Река која извира и дотекува од планината Ниџе навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката Сатока која потоа се влева во Црна Река. Од градот Битола е одалечено околу 70 километри во источен правец и е поврзано со колски пат кој се одвојува како крак од асфалтниот пат кој оди преку селата Рапеш и Маково.

Преку велосипедска и пешачка патека кон север во должина од 11 километри или 3 часа одење пеш минувајќи преку реките Градешка и Сатока, Зович е поврзано со селото Манастир во прилепскиот дел на Мариово. По оваа патека минуваат големата велосипедска и пешачко-планинарската тура во рамки на фестивалот Mariovo Off-Road Experience.


МЕСТА КОИШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТАТ:

  • Зовички мост — познатиот лачен камен мост преку Градешка Река на кој се снимени сцени од играниот филм Прашина на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски, кој бил воодушевен од глетката. Мостот е изграден во 1955/56, на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на некој мештанин, селанец кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот постоечки мост од мајсторот Џуладин од Струга. Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи, која е остаток од пештерното црквиче кое постоело таму, а веднаш до него постои и возобновена воденица. Преку мостот секоја година поминуваат големата велосипедска и планинарската пешачка тура во рамки на фестивалот Mariovo Off-Road Experience.
Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, изградена во 1862 година;
  • Црква „Св. Атанасиј“ — мала еднокорабна средновековна црква на врвот на ридот над селото
Манастири
  • Чебренски манастир — средновековен манастир составен од 2 цркви „Св. Димитриј“ и „Св. Спас“ веднаш на десниот брег на Црна Река во некогашното раселено Чебрен, денес во рамки на атарот на Зовиќ.



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Нови и модерни апартмани во срцето на Скопје

Секој апартман е проектиран со цел да обезбеди максимален комфорт и интимност, опремен со дневна соба, кујна, трапезарија, две спални соби, два тоалети и две тераси, идеални за одмор и уживање.

Нов планински бунгалов на 1200 метри височина достапно за резервации

Сместен на магична надморска височина од 1200 метри, во срцето на недопрената природа која го бакнува Беровското езеро, се отвори уште еден нов бунгалов идеален за еден пар кој сака да ужива во приватноста и спокојот.

Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде

Тимот на Кајак.мк постојано ја надополнува својата база на приватни сместувања со нови уникатни скривалишта за луѓе кои сакаат да одморат глава од напорната работа, од гужвата и хаосот.

Апартман во Берово достапен за секого

Тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања ни се приклучува уште еден апартман кој може да си го дозволи сечиј џеб.

Запознајте ја стружанката Сара: Младата девојка која изработува накит од овча волна

Материјалите што ги користи Сара се од највисок квалитет и се природни. Овчата волна ја припрема сама, од перењето и чистењето до влачењето и боењето.

Изнајмете вила со приватен базен во Кучково преку Кајак.мк

Уште едно ново сместување со базен за оние кои сакаат да имаат апсолутна приватност!