25.02.2021

Организирам тури со „Џејмс“ од Втората Светска Војна

Организирам тури со „Џејмс“ од Втората Светска Војна

Полека но сигурно ставаме крај на најстудениот месец од годината. Доаѓа рана пролет, доѓа месец на многу прашања за тоа дали надвор ќе вее нов снег или пак ќе има јако сонце. Со снегот на планините ќе се дружиме уште еден месец, а потоа полека ќе започнеме да се спуштаме покрај езерата, реките, браните и низ котлините.

Нашиот тим започнува да дели совети за тоа како би можеле да ги искористите ниските планини во Македонија, односно што се може да се прави во месец март.

Ве запознаваме со Љупчо. Човекот кој е љубител на „олд-тајмери“, но во овој случај не автомобили, туку камиони. Љупчо живее во околината на Лескоец, Охридско. Село кое се наоѓа во Охридското Поле, недалеку од самиот град Охрид на надморска височина од 820 метри. Љупчо може да ви организира една супер викенд авантура, особено за оние кои се љубители на прекрасните панорамски глетки. 

До крајот на Втората светска војна, Лескоец било мало село, сместено на блага падина, источно од денешната населба. Меѓутоа, по 1955 година, во Лескоец се доселил значителен број од планинските села Скребатно, Завој, Опеница и Сирула.

Ова село има огрома историја, но наш совет е таа да ви ја раскаже Љупчо, кој со својот камион „Џејмс“ од Втората Светса Војна организира тури во целиот регион.

Станува збор за полудневна авантура во околината на Лескоец. Турата се реализира по лош терен или по асфалтиран пат (во зависност од барањата на групата). Љупчо вели дека овој камион е единствен кај нас како оригинална верзија со мотор на бензин.

Поаѓањето е од Лескоец, село кое е на 4 километри од Охрид, а се наоѓа на главниот пат за Битола. Турата продолжува по спореден пат кој води до „Старо Лескоец“ на околу 2,5 километри. 

Од селото „Старо Лескоец“ на еден километар се наоѓа „Шанкот на Љупчо“ каде на околу 100 метри подолу Љупчо има нива на која ги чува своите шарпланинци и уште неколку „Џејмс“ олдтајмери. Во договор со организаторот овде одвојувате време за пауза, за проучување на олдтајмерите, за фотографирање и хранење на шарпланиците, за потоа групата да се упати кон „Шанкот на Љупчо“ каде тој ви приготвува скара. 

Неговиот шанк има прекрасен поглед на Охрид и охридско езеро. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање.

Вила со базен, џакузи, сауна и тениско игралиште идеална за секого

Вила со базен и џакузи, сауна и тениско игралиште. Се изнајмува за организирање на дневни приватни настани, а може да се изнајми и за престој.