02.12.2020

Од Скопе до Стенче со велосипед!

Од Скопе до Стенче со велосипед!

За оние кои не ги попречува годишното време да се качат на својот велосипед и да поминат добра викенд авантура, им го препорачуваме селото Стенче. Туртата може да ја организирате од Скопје преку Стенче па се до Милетино и назад во Скопје. Вкупно 120 километри и 1350 метри елевација.

Туртата ни ја препорака Јорданчо Цветаноски кој веќе подолго време е еден од нашите активни „вело водичи“ кои ги истражува убавините на Македонија со својот велосипед. Заедно со Коста Шимбов ни испраќаат фотографии, кои може да бидат ваша мотивацја за добра викенд авантура.

Кога ќе го напуштите Скопје, и од десната страна на регионалниот пат Тетово- Гостивар од густата шума на Сува Гора се наѕира селото Стенче. Ова е симпатично месот полно со цркви и живописна приказна околу себе. Јорданчо вели дека се запознале со локални мештани кои се во поодминати години, но со насмевка ги пречекле и поздравиле.

Огромни дупки на паднати тавани и греди беа остатоци на неколку куќи, додека пак останатите се реновирани и во добра состојба. Дел од стенчевци се занимаваат со сточарството, а дел со земјоделство, вели Јорданчо. 

Пауза за ручек направиле високо над селото, кај црквата Св. Петка, хедонизирајќи на ноемвриското срамежливо сонце.

Она што тој го напоменува е да внимавате на краткиот ден, бидејќи навечер е доста студено, па да го организирате времето за враќање назад. Тие преку Милетино и Стримница се вратиле во Скопје.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Нови и модерни апартмани во срцето на Скопје

Секој апартман е проектиран со цел да обезбеди максимален комфорт и интимност, опремен со дневна соба, кујна, трапезарија, две спални соби, два тоалети и две тераси, идеални за одмор и уживање.

Нов планински бунгалов на 1200 метри височина достапно за резервации

Сместен на магична надморска височина од 1200 метри, во срцето на недопрената природа која го бакнува Беровското езеро, се отвори уште еден нов бунгалов идеален за еден пар кој сака да ужива во приватноста и спокојот.

Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде

Тимот на Кајак.мк постојано ја надополнува својата база на приватни сместувања со нови уникатни скривалишта за луѓе кои сакаат да одморат глава од напорната работа, од гужвата и хаосот.

Апартман во Берово достапен за секого

Тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања ни се приклучува уште еден апартман кој може да си го дозволи сечиј џеб.

Запознајте ја стружанката Сара: Младата девојка која изработува накит од овча волна

Материјалите што ги користи Сара се од највисок квалитет и се природни. Овчата волна ја припрема сама, од перењето и чистењето до влачењето и боењето.

Изнајмете вила со приватен базен во Кучково преку Кајак.мк

Уште едно ново сместување со базен за оние кои сакаат да имаат апсолутна приватност!