21.10.2020

Вила Дихово на Пелистер е врв за храна и кулинарски атракции

Вила Дихово на Пелистер е врв за храна и кулинарски атракции

Вчера ве извеситвме дека во текот на ова седмица ќе ве познаеме со најдобрите сместувачки вили на Пелистер кои може да ги резервирате. Денеска ќе ве одведиме во село Дихово кое се наоѓа на планината Баба. Селото има одлична местоположба и природно окружување па станува идеална локација за селски туризам. Според Lonely Planet, Дихово спаѓа во 50-те најубави тајни локации во Европа.

Во Дихово се наоѓа истоимената вила која многу странски туристи ја потенцираат кога станува збор за добра храна. 
Вила Дихово Ви овозможува вистинско искуство за селски туризам на Пелистер. Таа е лоцирана на 7 километри од центарот на Битола.

Вила Дихово е мала селска куќа. Сите соби се со бесплатен бежичен интернет и бесплатен паркинг. Собите во Вилата се декорирани со локални резби и дрвенарија. Оваа куќа го дава вистинското значење на зборот селски туризам.

Ова посебен акцент ќе ставиме на храната. Сопственикот на вилата може да ви организира дегустација на домашно вино и пиво кои сам ги произведува, а она што треба да го знаете е дека се што се произведува е на природна основа, без хемикалии. 

Што се однесува до активиот туризам кој Кајак го промовира. Во пакет со ноќевање во вилата ви препорачуваме да ги искористите велосипедските патеки за возење велосипед. 

На гостите им нудиме активен туризам: пешачење до Пелистер, возење велосипеди по планински патеки, одење низ реката и скокање од карпа на карпа, ноќно време туристите со ламби бараат речни ракови.

Како посебна атракција, со локалните овчари сопствениците на вилата имаат направено договор со кој секој гостин преку денот си има задолжено овца за која самиот се грижи. Ја носи на пасење, ја чува, навечер ја молзи и следниот ден го пие млекото кое самиот го измолзел.

Иста така можете да го посетите и пчеларникот BN за да видите како изгледа производството на еден од најубавите планински медови.

Информации за резервирање на: 070 544 744


МОЖЕБИ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 

Вила Дамаја на Пелистер е идеална за време на дожд


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање.

Вила со базен, џакузи, сауна и тениско игралиште идеална за секого

Вила со базен и џакузи, сауна и тениско игралиште. Се изнајмува за организирање на дневни приватни настани, а може да се изнајми и за престој.

Организираме СУП тури на Охридско езеро: Природа, чист возду и авантура

Охридското Езеро е не само природен бисер туку и место каде историјата и современоста се спојуваат во хармонична целина. SUP турите овде не се само спортска активност, туку патување низ времето и просторот кое го обновува телото и духот.

Селска викендица во село Бадар идеална за цело семејство

Од денеска нашиот свет го надополнуваме со уште една таква викендичка. Ве водиме во село Бадар, поточно во населбата викана „Зад Град“ во близина на Катлановска Бања, каде запознавме уште едни домаќини кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк.