25.10.2020

Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Решивме да развиваме рурален туризам

Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Решивме да развиваме рурален туризам

Еко тимот на Кајак.мк ве запознава со уште една мотивирачка приказна за проектот наречен „Домаќинска куќа- Пирустија“ на „Пирустија Недановски“. Ова семејна камена куќа се наоѓа во селото Рамне, Охрид.

Сместена баш на средсело, до најголемата чешма од планиските извори, со поглед кон Охридско Езеро. Како што велат тие, за среќа не се од оние млади луѓе кои ја напуштиле селската куќа, напротив, со вложување во нејзина реставрација, поправка и доградба, си создале катче во кое уживаат.

Она што е интересно за нив е дека во нивниот двор никогаш не уживаат сами. Тука се роднините и пријателите, колегите и познаниците. Секој викенд исполнет со многу луѓе, дружба и секако квалитетна храна.

Во подготвените јадења, најчесто се застапени оние месените, како што се
: комат, кошмишпите, питулици, ѓомлезе, па и леб. Сите тие подготвени на традиционален начин, под сач (вршник).

По препорака на нивни блиски луѓе, се вклучуваат во обуки за рурален туризам. Некако природно се родила идеја дека овој концепт може да го нудат на луѓе кои би сакале да уживаат во приказната која нуди зачувување на традицијата. Селото не е далеку, на само 3,5 км. од градот, на 960 метри надморска височина, па затоа е погодно за пешаци, велосипедисти или брзо стигнување со автомобил.


Домаќинската куќа нуди комплетен оброк, од предјадење, до десерт, започнувајќи со слатко за добредојде и планинска изворска вода. С`е што ќе ве пречека на трпезата е од сопствено домашно производство и домашно подготвено-ракија, ликер од ореви или вишни, тиквички со лук и магдонос, пиперки пржени или печени, охридски домат, печурки во путер, домашно подготвено сирење (или позајмено од локални произведувачи- мини фармери кои си ја знаат работата), домашно вино- црвено и бело, комат со праз или блитва/ спанаќ набрани од сопствената бавчичка, збогатен со домашна изварка (урда) и домашни селски јајца, со сето ова се служи кисело млеко (овчо, козјо или кравјо), па на крај следува десерт направен од домашни продукти (ореви, јаболка, капини, малинки, јајца, млнеко...).

Во програмата не би смееле да ги заборавиме освежителните пијалоци за најмалите, дечињата, кои уживаат во компоти од праски, сливи, вишни или праски, сокче од дренки или планински чај.

Кога сме веќе кај најмалите, убаво е да се спомне дека во Рамне имаме двор со мини фарма кадешто дечињата слободно можат да погалат куче, пиле, кокошка, прасе, зајче, патка, потполошка... да брцнат раче во кокошарникот и да си земат јајце, да откорнат морковче и да нахранат зајак, да си играат со тестото и да сучат, а потоа со трпение да им го испечат нивното дело кое со сласт ќе го јадат.

Секако дека овој концепт не би бил толку успешна приказна в град зашто на неколку чекори од куќата ѕирка обработеното парче родна земја во која со радост ги поздравуваат плодовите на нивните посетители. Всушност, заедно со нивна вклученост се одвива бербата и месењето, с`е до крајниот продукт принесен на трпезата.


Тоа можеби е и најспецифичниот дел по кој би се издвојувале, кадешто гостинот има потполна слобода да се вклучи во секоја фаза од процесот на искуството. Ова е семејна приказна во која секој си има своја улога.

Гостите имаат чувство дека се на гости кај свои пријатели (барем така им кажуваат), тие не сме изоставен дел, напротив, тие го доживуваат нивното секојдневие.

Ова приказна можете да ја најдете на фејсбук под „Пирустија Неданоски“, со лого на пирустија, која е триножно железно столче на кое лежи сачот(вршникот), па оттука и нивноти официјално име, бидејќи с`е подготвува на пирустија под сач.

Тие се дел од платформата #genuinexperiences.


Прочитајте добра приказна:

Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање.