26.07.2020

Дали сте чуле за македонскиот Холивуд или поконкретно Глувовуд?

Дали сте чуле за македонскиот Холивуд или поконкретно Глувовуд?

Боливуд и Глувовуд - трите главни центри на филмската уметност, пишува Марко Џамбазоски кој можете да го следите на инста како @markodzambazoski



Жителите на селото Глуво, решиле да ги постават овие бетонски букви на ридот над црквата, од каде ќе бидат видливи за целото село, со цел, како што велат, да го направат Глуво светска атракција.


Осамениот даб кој стои до буквите е стар преку 500 години, а за него селаните верувале дека ако скршиш и најмало гранче ќе ти заврши животот.


Можеби и токму затоа, ова е единственото дрво останато на овој дел од ридот, чија дебела сенка не те остава рамнодушен да седнеш и од таму долго да уживаш во прекрасниот поглед кон селото.


Глуво — село во Општина Чучер-Сандево, во областа Црногорија, во околината на градот Скопје. Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, во јужниот дел на територијата на Општина Чучер-Сандево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 12 километри.


ЕЈ ЗДРАВО! НИЕ ОРГАНИЗИРАМЕ ЕДНОДНЕВНА ТУРА НА ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР! ЗНАЕТЕ ШТО Е ИНТЕРЕСНО? ИНТЕРЕСНО Е ДЕКА ИМАМЕ ЛОКАЛЕЦ КОЈ ЌЕ НИ ГОТВИ ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА И ЌЕ НИ РАСКАЖУВА! КЛИКЕНТЕ ОВДЕ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ!



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање.