04.02.2021

Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!

Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!

Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.


 Томе и Александар се млади стоматолози по професија, а во слободното време умеат да создаваат нови патувачки авантури исполнети со многу музика.


Се запознаваат на медицинскиот факултето во Скопје, каде и двајцата доаѓаат до заклучок дека гитарата им е заедничка тема. Веќе неколку години наназад своето слободно време го користат за преработка на познати хитови, но во 2020-та година, започнаа и свој волонтерски музички караван наречен „Со музика низ Македонија“.

На својот инстаграм профил @chill_out.official споделуваат видеозаписи од акустични преработки на прекрасни локации ширум државата.


Цел на патувачкиот музички караван како што велат тие е да и се оддаде почит на планината, чистиот воздух и недопрената природа, а сето тоа зачинето со музика.

„На секој од нас му недостасува музички концерт“. Сите имаме желба да им се вратиме на фестивалите. Без разлика дали се тие исполнети со рок музика, електронска музика на некоја македонска планина, или балканска трубачка музика во некое планинско село. Македонија има доста фестивали кои се оддржуваат во природа, па оттука, нашата намера е да им овозможиме на луѓето кои не следат уживање во прекрасната природа и музика.


И покрај тоа што живеат во Гевгелија, омилена планина на која настојуваат да свират е Пелистер.

Пелистер го обожаваат поради чистиот воздух и поради Моликата. Велат дека на ова планина никогаш нема да им биде досадно.

Покрај промоцијата па туристичките места низ Македонија, нивна главна цел исто така е и подигањето на еко свеста кај граѓаните.


На сопствена иницијатива, успеале да исчистат доста локалитети во државата. Собирајќи го отпадокот во пластички вреќи и споделувајќи го на социјалните мрежи со порака дека „Ова не треба да сме ние“.

Од особено значење им е македонската музика. Преферираат да свират македонска музика бидејќи со тоа добиваат и повеќе апаузи од странските туристи кои поминуваат покрај нив.


Нивниот неформален авантуристички караван ќе продолжи и во 2021-ва година, бидејќи според нив, секогаш е подобро кога ќе слушнеме акустична гитара на некоја планина.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Нови и модерни апартмани во срцето на Скопје

Секој апартман е проектиран со цел да обезбеди максимален комфорт и интимност, опремен со дневна соба, кујна, трапезарија, две спални соби, два тоалети и две тераси, идеални за одмор и уживање.

Нов планински бунгалов на 1200 метри височина достапно за резервации

Сместен на магична надморска височина од 1200 метри, во срцето на недопрената природа која го бакнува Беровското езеро, се отвори уште еден нов бунгалов идеален за еден пар кој сака да ужива во приватноста и спокојот.

Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде

Тимот на Кајак.мк постојано ја надополнува својата база на приватни сместувања со нови уникатни скривалишта за луѓе кои сакаат да одморат глава од напорната работа, од гужвата и хаосот.

Апартман во Берово достапен за секого

Тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања ни се приклучува уште еден апартман кој може да си го дозволи сечиј џеб.

Запознајте ја стружанката Сара: Младата девојка која изработува накит од овча волна

Материјалите што ги користи Сара се од највисок квалитет и се природни. Овчата волна ја припрема сама, од перењето и чистењето до влачењето и боењето.

Изнајмете вила со приватен базен во Кучково преку Кајак.мк

Уште едно ново сместување со базен за оние кои сакаат да имаат апсолутна приватност!